Да, за студентите од Македонија, Србија, Црна Гора и од БиХ, додипломските и магистерските студии се бесплатни врз основа на билатералните договори меѓу Словенија и овие земји. Истото важи и за студентите од ЕУ. Докторските студии се плаќаат.
Студирајте опуштено, без грижи за плаќање на школарина.
Конкурирајте врз основа на просекот.
Здобијте меѓународно признаена диплома.
Заработете сами за своите животни трошоци и стекнетете го своето прво работно искуство во ЕУ.
Платете помалку за животните трошоци отколку во другите земји.
Чувствувајте се како дома без големи јазични и културни бариери.
Избор на програми
Упис на факултет
Добивање на дозвола за престој
Биди стратег - со нас успехот при уписот е 100%!
Ние ќе се погрижиме за сите рокови, пријави, нострификација на дипломата, документацијата и сите неопходни процедури, а вие посветете се само на вашите оцени.
Заштеди време и пари - сите информации ги добиваш на едно место, во Словенија доаѓаш само на почетокот на студиите.
За успешен упис треба да го имате потребниот просек на оцени. Не ризикувајте, ние ќе ги провериме сите можности и опции за вашиот сигурен упис.
Обезбеди го твоето место на факултет од удобноста на твојот дом.
Ја поедноставуваме долготрајната и компликувана процедура за добивање на дозволата за престој.
1. Закажете консултација и изберете пакет на услуги
2. Заедно ќе ги избереме најсоодветните студиските програми
3. Подготвуваме листа на потребни документи за упис
4. Пријава на факултет, поднесување на документите за упис
5. Пријава за дозвола за престој
6. Започнете ги студиите!
Закажете консултација и изберете пакет на услуги
Заедно ќе ги избереме најсоодветните студиските програми
Подготвуваме листа на потребни документи за упис
Пријава на факултет, поднесување на документите за упис
Пријава за дозвола за престој
Започнете ги студиите!
Да, за студентите од Македонија, Србија, Црна Гора и од БиХ, додипломските и магистерските студии се бесплатни врз основа на билатералните договори меѓу Словенија и овие земји. Истото важи и за студентите од ЕУ. Докторските студии се плаќаат.
Сите образовни институции во Словенија имаат акредитација која е признаена во најголемиот број на земји во светот. Студиските програми во Словенија се реализираат на 6 универзитети, 38 самостојни високообразовни установи и 36 виши школи според Болоњскиот систем.
Не, за најголемиот број на студиски програми нема приемни испити. Исклучок се само уметничката академија, архитектура, факултетот за спорт и забна протетика.
Да, сите студенти имаат право да работат студентска работа. Минималната цена на саат во моментов изнесува 5,4 евра бруто.
• Субвениции за исхрана.
• Легално право на вработување.
• Субвенции за градски превоз, влезници за музеи, фитнес и слично.
• Неограничени патувања внатре во Шенген зоната.
• Можност за Erasmus+.
Бранкица Гвозденовиќ
студентка на Универзитетот Сигидунум, Србија
"Со оглед на тоа што студирам туризам, сакав да видам како тој се развива во Словенија. Сакав да видам дали можам наученото таму да го имплементирам по моето враќање овде во Србија. Сепак, на прво место ми беше да ја запознаам Словенија, да запознаам нови луѓе и да ги истражам сите нејзини убавини.“ Со другарка ми Сања се одлучивме да се пријавиме на програмата за студентска размена и така станавме првите студентки од нашиот факултет кои поминале цел семестар на друг факултет. Најубавиот семестар во текот на целото студирање го поминав во Брежице, кое од првиот ден беше авантура за мене. Не беше лесно да се дојде во друга земја каде што не познавам никого, но беше возбудливо. Уште во првите неколку дена се заљубив во сончевите улици, вкусното кафе и љубезните луѓе. Како што поминуваше времето, запознавав и колеги од својот нов факултет, кои беа исклучително љубезни. Живеев во хостелот МЦ кадешто благодарение на менаџерката Аља се чувствував како дел од семејството Еразмус/Балкан. Деновите ги поминувавме гледајќи филмови, слушајќи музика или зборувајќи за земјите од каде што доаѓаме. Создавајќи заеднички спомени станавме вистински пријатели. Љубезните професори ни држеа исклучително интересни предавања на кои добивавме задачи за подготовки на семинарски работи. Најмногу се научивме за време на двата дена поминати во Солчавско. Јас и Сања заедно со професорите и колегите отидовме на екскурзија да видиме како функционира зелениот и Еко туризам, во кој сите работници размислуваат оддржливо. Тоа беше за мене драгоцено искуство со оглед на тоа дека сум од Србија, каде луѓето размислуваат поинаку. Само за еден семестар се стекнав со многу знаење во областа која ме интересира. Запознав исклучителни луѓе кои можам да ги наречам свои пријатели и живеев во мал град со големо срце и душа. Брежице, се гледаме наскоро. Ти благодарам за се, ти ме промени!"
Бекжан Алимбаев
студент на Факултет за сообраќај на Универзитетот во Ново Место
"Не знам како да ви се заблагодарам за помошта. Навистина не знам што да кажам. Се сеќавам на сите потешкотии на мојот пат, колку сакав да се откажам од се кога нешто не одеше како што треба. Среќен сум што се обратив во вашата фирма и ја избрав оваа земја. Без вас и без љубезноста на локалните луѓе, едноставно би бил изгубен, ви благодарам многу!"
Максим Ивајловски
студент на Економски факултет на Универзитетот во Љубљана
"Минатата година кога наполнив 30 години, одлучив радикално да го променам својот живот и да почнам од нула. Оваа одлука ја донесов во јули 2016 година. Почнав да размислувам за опциите како и каде да одам, но не сакав да лежам на плажа и да ги трошам парите. Сакав да ги помешам работата и задоволството. Студии! Врз основа на предходното искуство, знаев дека рокот за поднесување на документите на европските универзитети е најдоцна до мај. Кога ги проучував студиските програми во Европа, наидов на Универзитетот во Љубљана, каде што рокот за пријава беше до крајот на септември. Без размислување, се одлучив да се пријавам! Во тој период бев многу зафатен и апсолутно немав време за подготовка на документите и проучување на условите на конурсот. Фала богу што постои Гугл! Со впишување на реченицата „образование во Словенија“ дојдов до сајтот на 2ТМ. Веднаш ги забележав добриот облик на сајтот и големиот број на информации. Воспоставив контакт со тимот и ја започнавме работата. Комуницирав и со Ксенија од канецеларијата во Санкт Петербург, инаку многу убава девојка. Пријатно беше да се разговара со неа. Се се заврши брзо, ефикасно и без никакви проблеми. Имаше некој проблем со печатот „апостил“, но тоа се реши брзо и без проблем се запишав за Универзитетот во Љубљана на мастер програмата за банкарски и финансиски менаџмент. По завршувањето на целата работа во петок, веќе во недела бев во Љубљана. Вработените во 2ТМ ме пречекаа на аеродромот, ме однесоа до местото каде што требаше да живеам ( и сместувањето ми го најдоа тие) и ми помагаа во целиот процес за подпишување на договорите, како и за други формалности. По моето сместување, спиев до утредента. Бидејќи дадов отказ на работа во петок, во понеделник веќе бев на првото предавање. Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана се наоѓа во модерна зграда со убаво опремени училници со најсовремена опрема и пријатна атмосфера. Вработените во 2ТМ во текот на првите месеци редовно се консултираа со мене и ме поддржуваа во секој поглед, ми помогнаа за сите прашања и до ден денес ги посетувам во нивната канцеларија да поразговараме. Љубљана, а и цела Словенија се многу чисти, мирни, со одлична екологија и низок степен на криминал. Овде секогаш се чувствате сигурно и спокојно. Природата во Словенија е многу убава и многу разновидна, од планини до море. Секако, за сега Љубљана е град по мој вкус. Ноќниот живот не ми се допаѓа. Луѓето се учтиви, но ладни и дистанцирани. За емотивна и толла личност каков што сум јас е тешко, а Словенците се плашат од мојата упорност и отвореност. Но, досадата можам да ја разбијам секогаш и за само саат и половина да отидам до Хрватска или до Италија, а за четири саати и до преубавата Будимпешта. Посетувајќи ги соседните земји, се враќам среќен во мирната и тивкаа Љубљана. Šetajući okolo po susednim zemljama, srećno se vraćam u mir i tišinu Ljubljane."
Владислав
студира „Програмирање и информатички технологии“ при Универзитетот во Марибор
"Неколку години живеев во Америка, но сепак ја избрав Словенија затоа што јазикот е близок со рускиот и затоа што ми се допаѓа јужна Европа. Се запишав на Факултетот за Информатички технологии за да се занимавам со истата раабота како и моите родители. Имав избор меѓу Марибор и Нова Горица, но програмата која ја нудат во Нова Горица – Менаџмент во инженеринг, не е тоа што јас го барав. Програмирање е тоа што навистина сакав. Покрај све, ми се чини дека Марибор е „најкомпјутеризираниот“ град во цела Словенија"
Јарослав Корчака
студент на Машинскиот факултет во Постојна
"Моето име е Јарослав Корчака. Сакам да изразам голема благодарност на фирмата 2ТМ бидејќи ми овозможи да студирам во Словенија. Со вработените во оваа фирма се запознав кога студирав на харковскиот национален колеџ за сообраќај.“ Во нашето училиште дојде представничката на фирмата Татјана Сорокина. По завршувањето на презентацијата, се заинтересирав да дознаам што повеќе за образовните институции кои нудат студиски програми во областа машинство. Утредента отидов во канцелатијата на 2ТМ за да дознаам кои документи се потребни за пријавата. Прво, тимот на 2ТМ ги пронајде сите можни образовни институции од Факултетот за машинско инженерство во цела Словенија и така ја избрав високата строковна школа во Постојна, бидејќи ги имаше сите предмети кои ме интересираа. Во Словенија се запознав со прекрасните представници на компанијата Александра и Сара. Тие ми помогнаа да се сместам во студентскиот дом. Благодарен сум за нивната поддршка и времето кое ми го посветија. По два месеца целосно се прилагодив. Не ни помислив да се вратам дома, Во Словенија запознав многу пријатели кои ме поддржуваат и во студиите, но и во спортот. Можам да кажам дека ова е мојот втор дом. Словенија има неверојатно убава природа, во која имам среќа да уживам, неверојатна пријателска енергија која можев да ја осетам во комуникацијата и односите со овдешните луѓе. Така и јас го сменив мојот однос до луѓето. Станав поотворен, посамоуверен и непопустлив во своите одлуки и избори. Не жалам поради мојот избор и довербата и уште еднаш сакам да ја изразам својата длабока благодарност на сите вработени во 2ТМ."
Јулија Ма
студентка на програмата за Винарство и енологија при Универзитет во Нова Горица
"Винарството и земјоделството се високо развиени во Словенија и токму поради тоа сум задоволна што овде можам да ги проучувам одгледувањето на грозје, производството на вино, па дури и маркетингот во оваа област. Фирмата 2ТМ беше професионална во текот на моето преселување во Словенија. Јас само ги собрав сите потребни документи, ги исправив до 2ТМ и чекав факултетот да ја објави ранг листата. Им ја препорачувам фирмата 2ТМ на сите кои сакаат да заштедат време, од причина што вработените се многу професионални и дружељубиви."
Лариса Леонтиева
мајка на студент на Градежнинот факултет на Универзитетот во Љубљана
"Фирмата 2ТМ ја најдов случајно на интернет кога пребарував опции за студирање во Европа за мојот син. Хеј! А зошто да не Словенија? Се јавив во компанијата 2ТМ и поразговарав со Ксенија од Снакт Петербург. Sve se završilo tako što je moj sin upisao Građevinski fakultet u Ljubljani. Се се заврши така што мојот син се запиша на Градежниот факултет во Љубљана. Ксенија е навистина исклучително професионална. Она работеше прецизно и без грешки, подготви се за дочекот и одењето во Љубљана. Нии помогна и со документите и со преводите. Навистина беше пријатно да се соработува со неа. Исто така и со девојките во Љубљана. Посебно и се заблагодарувам на Александра за помошта околу добивањето на дозволата за постојан престој. Избравме студентски дом, купивме постелнина и садови за кујната. Тие се погрижија за се. Мојот син сега студира и се му се допаѓа. Секако, во првата година е важно да се надмине јазичната бариера. Не е едноставно, но тој дава се од себе. Ти благодарам 2тм! Се веселам на секоја следна соработка!"
Наталија Ткачева
студентка на Мастер програмата по Бизнис информатика на Универзитетот во Љубљана
"Веројатно не сум најсликовит пример: дојдов во Словенија од Црна Гора и ако ги споредам двете земји, Словенија не е баш по мој вскус. Знам дека моите колеги кои доаѓаат од Русија овде се возбудени. За мене ова беше страшна година и мислата дека морам да поминам уште една година во Љубљана ме ужаснува. Имам мастер диплома по деловна информатика. Задоволна сум со своите студии, со оглед на тоа што сум вработена со полно работно време и дека имам седумгодишен син. Предметите и испитите ми се лесни. Но, ако искрено зборуваме за нивото на образование, некои предмети и наставници се под просекот. Информациите се пренесуваат многу површно, а практични часови има малку. Мојот син Стефан веќе зборува словенечки јазик и има многу пријатели кои ги сака. Но, и на двајцата многу ни недостасува Црна Гора. Летово ќе одиме таму. Што се однесува до вработените во компанијата 2ТМ, можам да кажам само добри работи за нив. Сите беа многу внимателни и симпатични. Тие се потрудија да ми помогнат околу сите проблеми"
Оксана Сизова
мајка на Никита Сизов, студент на Приморскиот универзитет
"Многу ѝ сум благодарна на целата екипа од 2ТМ за помошта, во врска со изборот на универзитетот, на студиските програми, подготовката на документацијата, решавањето на рутинските прашања. Сите ваши препораки беа правилни и добредојдени. Кога се донесува толку важна одлука, како што е – каде и во какви услови неколку години ќе студира синот, пресретливоста на вработените во агенцијата е непроценлива. Особено, ако биде во странство, неколку илјадници километри оддалечен од домот. Агенцијата 2ТМ им ја препорачувам на познаниците и на пријателите."
Никита Сизов
студент на Приморскиот Универзитет
"За компјутерски науки бев заинтересиран уште од детството. Истотака важно е и дека ИТ специјалистите се многу барани. Постојат многу смерови во кои можете да се развивате. Словенија, која има квалитетно образование, ме привлече и со тоа што цената за студиите е прифатлива. Она што е важно за мене е дека предавањата се одвиваат на англиски јазик. Ова е олеснителна околност ако не го знаете словенечкиот јазик. Навистина ми се допаѓа организацијата на образовниот процес. Голем плус е достапноста на информациите: сите задачи ги имаме во електронска форма и тие се поднесуваат онлајн. Сите материјали за предавањата се изложени на веб страната на факултетот. Системот на испити е исто така многу добар: ако успешно ги положите колокфиумите, не треба да одите на испит. Ако сакате да најдете мирно, тивко и неверојатно убаво место каде што можете да добиете пристојно образование, тогаш вашата опција е Словенија"
Здобијте одлично образование, многу нови пријатели и откријте нов свет на можности со едноставно испраќање на онлајн барање. Нашиот стручен соработник наскоро ќе ве контактира и ќе ве информира за сите можности кои може да ви ги понуди Словенија!
Општи одредби
Општи услови за користење на компанијата 2TM д.о.о. составен во согласност со Законот за заштита на потрошувачите (ZVPot), Законот за заштита на лични податоци (ZVOP-1) и Законот за електронски комуникации (ZEKom-1)
Овие Услови на работа го регулираат вашиот пристап до веб-страната на 2TM d.o.o и користењето на сите услуги кои истата ги обезбедува. Со користење на страната, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате дека сте обврзани со следните одредби и услови.
Прифатлива употреба
Вие се обврзувате да ја користите страната во согласност со важечкиот закон, без да ги прекршите правата на трети лица или да предизвикате штета кон веб – страната.
Забрането е:
Дистрибуција на опасен софтвер и спам;
Обиди за неовластен пристап до сметките на други корисници;
Користење на содржината на страната за комерцијални цели без согласност на компанијата.
Интелектуална сопственост
Сите материјали на страната, вклучувајќи текстови, графики, логоа, припаѓаат на 2TM d.o.o. и се заштитени со закон за авторски права. Можете да ги користите материјалите само за лична, не – комерцијална употреба.
Политика за заштита на потрошувачите
Компанијата 2TM д.о.о. се придржува до принципите за заштита на потрошувачите во согласност со словенечкото законодавство и на корисниците им ги обезбедува сите потребни информации за своите услуги. Ние се стремиме да обезбедиме услугите што се нудат да одговараат на потребите и вашите очекувања.
Услови за плаќање
Плаќањето за услугите се врши преку фактура, која ја испраќа нашиот менаџер по потврдата на вашата нарачка. Не е можно плаќање за услугите директно на веб-страната. Фактурата ви се испраќа по е-пошта, а плаќањето се врши во согласност со деталите и условите наведени во фактурата.
Плаќање
Информации за условите за откажување на услугата „Онлајн курсеви по словенечки јазик“
Ве молиме имајте предвид дека нашите услуги („Онлајн курсеви за словенечки јазик“) се неповратни т.е поврат на пари не е можен откако ќе започне курсот. По завршувањето на плаќањето, клиентот добива целосен пристап до курсот и материјалите за обука, кои го покриваат целиот планиран процес на учење.
Ви препорачуваме внимателно да го прочитате описот на услугите и да ги поставите сите ваши прашања пред да ја потврдите вашата нарачка. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го нашиот менаџер за продажба.
Одговорност и одстапување од одговорноста
Сајтот и неговата содржина се представени „како што е“. 2TM d.o.o. не е одговорен за точноста, целовкупноста и навременоста на информациите на страната, како и за можните загуби предизвикани од користењето на истата.
Поврзувања (линкови) до надворешни извори
Веб-страната може да содржи линкови до страници на надворешни извори . 2TM d.o.o. не е одговорен за содржината или политиките на таквите содржини, а пристапот до нив е на ваш сопствена одговорност.
Промени во условите за користење
Компанијата 2TM д.о.о. го задржува правото да ги промени овие услови. Ажурираните услови ќе бидат објавени на оваа страна и со продолжување на користењето на страната се согласувате да бидете обврзани со нив.
Контакт информации
Доколку имате прашања во врска со овие услови или сакате да поставите прашање за нашите услуги, ве молиме контактирајте не на: [email protected] или на телефон +386 59 043 716.
Компанијата 2TM д.о.о.
Словенија, Љубљана
Дунајска цеста 106
+386 59 043 716
Компанијата 2ТМ д.о.о. (во натамошниот текст: компанијата) се грижи за сигурноста на вашите лични податоци. Нам ни требаат контактните информации и некои лични податоци од лицата кои ја посетуваат страницата на компанијата и кои сакаат да добијат подетални информации за нашите услуги. За таа цел тие се поврзуваат со нас преку електронска пошта или телефонски, при што пополнуваат онлајн образец на страницата.
Кои лични податоци ѝ се потребни на компанијата:
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци се врши исклучиво доброволно и со согласност на сопственикот на тие податоци. Секогаш вие одлучувате за тоа кои информации ќе ѝ ги дадете на компанијата. Компанијата ги зема само оние податоци кои вие ѝ ги давате доброволно и непосредно. Секогаш сме подготвени да ви објасниме која информација ни е неопходна за да ви ја дадеме услугата што ви е потребна.
Колачиња
Колачињата (од англ. cookies) се датотеки со сервисни информации кои го забрзуваат повторниот пристап на нашата веб-страница. Колачињата ги чуваат индивидуалните преференции и нагодувања на корисникот од неговите претходни посети на страницата. Тоа се датотеки зачувани на вашите компјутери и други уреди кои ги користите за пристап до веб-страниците. Во секој момент може да ги избришете колачињата или да ги оневозможите во нагодувањата на пребарувачот.
Сигурност на пристапот до личните податоци во компанијата
За заштита на личните податоци кои се пренесуваат преку образецот за повратни информации на страницата, се користи специјализиран шифриран протокол за пренос на податоци HTTPS. Личните податоци на клиентите на компанијата во електронска форма се чуваат во корпоративен магацин. Тој е опремен со системи за контрола на пристапот, на ревизијата и на антивирусната заштита.
Истовремено, сакаме да напоменеме дека преносот на податоците преку интернет секогаш е поврзан со определени сигурносни ризици и ја елиминира целосната заштита на проследените пакети, од пристап на трети лица. Заштитете ги своите податоци од неовластена употреба со шифрирање, лозинка или со други средства.
Период на чување на личните податоци во компанијата
Компанијата ги чува личните податоци пет години од денот кога сопственикот на тие податоци дал согласност или кога сопственикот на податоците писмено ќе се откаже од согласноста.
Пренос на личните податоци на трети лица
Компанијата не ги открива добиените лични податоци, со исклучок на случаите кога тоа го бара законот, вклучувајќи ги и барањата за сметководство и известување, како и во случаите кога сте ѝ дале согласност на компанијата потполно или делумно да им ги предаде вашите податоци на трети лица или на овластени агенти. Овластените агенти на компанијата ги собираат, обработуваат и ги чуваат личните податоци, во согласност со политиката на компанијата за заштита на личните податоци.
За да го подобриме квалитетот на услугите што ги нудиме, работиме со компании од трети страни кои ни помагаат во анализата на работата на нашата страница со цел да ја подобриме и да ја направиме попогодна за вас. Меѓутоа, под никакви услови, податоците кои се пренесуваат од нашата веб-страница на надворешни оператори, не содржат лични податоци кои им припаѓаат на посетителите на нашата веб-страница.
Вашите права во врска со личните податоци доставени до компанијата
Секој сопственик на лични податоци има право од компанијата да добие информации за тоа кои лични податоци се обработуваат и се чуваат во компанијата; да ги копира податоците; да ги дополнува и да ги прилагодува; да ја ограничува нивната обработка и чување; да ги дава целосно или делумно; целосно или делумно да ги брише своите лични податоци од базата на компанијата.
Контакт на компанијата за прашања поврзани со личните податоци
За сите информации поврзани со вашите лични податоци во компанијата и ако сакате да нè известите дека сакате да преземете нешто поврзано со нив, пишете ни на е-адресата: [email protected].